Стопанска банка АД Битола во периодот јануари-септември 2019 година, оствари добивка во износ од 772.000 денари, што е повеќекратно намалување во однос на истиот период претходната година кога добивката на банката изнесувала 61,5 милиони денари, покажува Билансот на успех на банката објавен преку Македонската берза.
„Добивката од работењето пред исправка на вредност на финансиските и нефинансиските средства која е показател за оперативното работење на банката изнесува 63,63 милиони денари“, информираат од банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Тепачка“ кој да стане член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола
Владимир Ефтимоски ја зголеми сопственоста во Стопанска банка Битола на 16.501 акција
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.