еМагазин
Image default
Локално

Серија земјотреси почувствувани во Битола, епицентарот во Грција

Серија земјотреси чии епицентри припаѓаат на пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во соседна Грција се регистрирани вчера и во текот на денешниот ден, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Два од нив, од кои едниот утринава во 07:41 часот и вториот вчера во 15:40 часот, се почувствувани во околината на пограничниот премин Меџитлија со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и во околината на Битола со интензитет од три степени.

Првиот земјотрес бил со Рихтерова магнитуда од три степени, а вториот со магнидута 3,3 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата истражува откопување на гробови во дебарско

Редакција

Скопјанец кој не носел маска нападнал полицаец при легитимирање

Редакција

Продавачи на балони направиле хаос во кафана на Боемска улица

Редакција