еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Дадилката која тепаше дете во игротеката „Дежа Ву“ приведена во полиција

Дадилката која беше фатена на камера како во игротека на угостителски објект во Скопје натепа двегодишно дете е приведена во полициска станица.

Полициски службеници од Полициската станица Аеродром вчера во 15:57 часот ја лишиле од слобода 59-годишната Ж.П.  од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од М.А., сопственик на угостителски објект во Скопје.

Тој пријавил дека во игротеката во угостителскиот објект, пријавената физичка нападнала малолетно дете.

По преземени мерки било утврдено дека таа била ангажирана да работи како дадилка кај Д.Д.(43) од Скопје и физички го нападнала нејзиниот двегодишен син. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Скопје

Видеото, на кое се гледа како дадилката го тепа детето, беше објавено на фејсбук-страницата на „Дежа Ву“, но содржината потоа беше отстранета. Но, целото видео е објавено на јутјуб-каналот на Либертас.

Јавноста е згрозена од овој втор случај на насилничко однесување од страна на жени кои ги чуваат децата приватно, и се поставува прашањето за безбедноста на децата, односно кому родителите ги доверуваат децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Безбедносните камери во „Дежа Ву“ во Капитол Мол, забележаа возрасна жена како малтретира мало дете

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сезонава од грип починале 14 лица, најмногу од Скопје, 7

Редакција

Слаб интерес на македонските фирми за заштита на трговските марки со Македонија/македонско

Редакција

Нови 906 случаи на Ковид-19, 26 починати и 343 оздравени пациенти

Редакција