еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кого го „здоболе“ вистината на претседателот Стево Пендаровски?

Лавина реакции предизвика изјавата на претседателот Стево Пендаровски дадена на 4.Регионален младински лидерски форум во Нови Сад каде што рече дека: „кога не би бил претседател и тој би се иселил од својата земја“.

Дел од политичките партии ја искористија неговата изјава за политичко препукување, но при тоа заборавија дека токму кај нив лежи одговорноста за бранот иселувања кој трae веќе со децении.

Имено, за нискиот стандард, ниските плати и немањето перспектива во земјава подеднаква одговорност носат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и сите останати партии кои во изминатив период се менуваа на власта, но главен приоритет им беше остварување на партиските, наместо на националните интереси и подобрување на живеачката во земјава.

По ваквите реакции Пендаровски мораше да се правда и рече дека ја разбира потребата дадената изјава да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но и дека трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни.

„Губиме висококвалификуван и млад кадар. Одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и моја. Доколку немаат суштинска европска перспектива, поголеми плати и поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат. Младите мора да имаат прва шанса да успеат дома“, рече Пендаровски.

Тој ја кажа вистината, а тие што се најдоа погодени од неа треба добро да размислат што ќе прават во иднина за да се спречи негативниот тренд на иселување, наместо повторно да се занимаваат со дневна политика многу повеќе отколку со стратешките интереси на земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Пендаровски би се иселил од Македонија, еми ние што да кажеме

„Пендаровски кога ќе си оди нека го изгасне светлото во државата“: Претседателот на „тапет“ на Твитер

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неделава да се отворат моловите, авто школите, следната угостителските објекти, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Уриваме црни рекорди за корона вирусот, важно концерти ќе има

Редакција

Сите детали: Зошто е прекинато тргувањето со акциите од „ЗК Пелагонија“?

Редакција