еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Кои се мажите на годината

Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година, на официјалниот избор на Мажи на годината за 2019 година во организација на првиот онлајн магазин за мажи Friday.mk.

На гала вечерта која се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 13-те најуспешни мажи во Македонија за 2019 година.

На вториот официјален избор се избира мажите на годината за 2019 во 13 категории.

Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Мислав Галер. Првиот човек на А1 групацијата во Mакедонија доаѓа од Хрватска и важи за личност кој е доста приземен со џентлменски манири, кој покрај главната награда ја освои и наградата за Маж странец во Македонија со што само го потврдува патот кон успехот кој го има зацртано.

Во категоријата Менаџер на годината за 2019 наградата ја доби Арсим Папранику, сопственик на Нептун и Skopje East Gate,  наградата Млад менаџер отиде во рацете на Крис Поповски и Ненад Пантовиќ сопственици на македонскиот бренд за изработка на одела Сињори, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе генералниот директор и претставник на Gulf Македонија, Владимир Стајиќ.

За Маж со најголем придонес во културата беше избран пејачот со најубав глас Влатко Лозаноски, Маж со најголем придонес во спортот е Елиф Елмас.

Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Енвер Малиќи, сопственик на Гемак и Хотел Парк, заменик градоначалникот на Скопје и почесен конзул на Мексико, а тој се заќити и со наградата за Маж со трајни вредности.

Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Стојанче Стоилов, а наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Габриел Стибел, додека специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Божидар Јанковски.

“Оваа вечер во DoubleTree by Hilton Skopje на една прекрасна гала манифестација, ги славевме  успешните, оние кои се кредибилен мотив за општеството, кои вложуваат во својот личен развој и развојот на заедницата.

Овој настан не прави многу сме среќни, бидејќи успеавме да направиме настан кој втора година буди огромен интерес во јавноста. На едно место собрани убави луѓе, кои навистина даваат голем придонес во развој на џентлменската култура и генерално во заедницата е нешто кое не се опишува со зборови.

Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати. Изборот на Мажи на годината стана релевантен коректив за сите мажи, стана мотив да вложуваат во себе и општеството, мотив да бидат џентлемни кои ќе негуваат свој сопствен уникатен стил. Се гледаме наредна година повторно“, велат организаторите од онлајн магазинот Friday.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој се дојде: И сопругот на Шекеринска, доби награда на изборот на Мажи на годината

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Над 17.700 лица убиени во Газа, 70% се деца и жени

Редакција

„Евротим“ го доби тендерот на Министерството за одбрана за набавка на мазут вреден 34,9 милиони денари

Редакција

Трет случај: Негувателка осомничена за запуштање и малтретирање на две деца

Редакција