еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Елена Гошева на свое име има само земјиште и депозит од 32.700 долари

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле уставните судии, кои деновиве се актуелни по најавата дека Уставниот суд ќе расправа по иницијативата за преиспитување на законитоста на членот 11 од Законот за помилување од 2016 година, а со кој се овозможи да се укине помилувањето што го даде тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Каков имот пријавила Елена Гошева?

Според анкетниот лист кој го доставила до Антикорупциска комисија, кога станала судијка, Гошева на свое име пријавила само земјиште од наследство во Оризари, Кочанско и орочен депозит од 32.700 долари.

Како заеднички имот пак пријавила деловен простор од 70 метри квадратни во Скопје, стекнат со договор за купопродажба, а проценет на 2,1 милиони денари.

Како заеднички имот пријавила и два стана, едниот проценет на 1,5 милиони денари, а другиот на 2,1 милиони денери, во Скопје, и двата по 70 метри квадратни.

Становите се стекнати со договор за купопродажба.

Земјоделско земјиште пријавила и на име на сопругот, на чие име пријавила и возило Цитроен Ксара.

Како заеднички имот пријавила и рента, а и кредит кој требало да го врати пред две години.


Целиот анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Ивановски има три стана и кредит од 1,1 милиони денари

Каков имот пријавиле уставните судии: Ајдари има стан и куќа, а вози Мазда 3

Каков имот пријавиле уставните судии: Мурати има куќа и два стана

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Каков беше патот до осамостојувањето на македонската држава

Редакција

Твитерџиите фатија „сеир“ оти Заев се врати од Австрија со комерцијален лет

Редакција

Каков имот пријавил Валентин Груевски, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција