еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рускоска на судењето за „Рекет“ на Јанева и кажа дека згрешила од алчност

Жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓаните на оваа држава, рече јавниот обвинител Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште за „Рекет“.

– Имаше еден филм за Чарлиевите ангели на СЈО, но имаше и една специјалната јавна обвинителка што влезе во мрежата на т.н. естрадна ѕвезда Боки 13, изјави Рускоска.

Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

– Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци, изјави Рускоска.

Може ќе чуете, рече Рускоска дека Камчеви први побарале и молеле за помош, но не е така.

– Ќе изнесеме докази дека Боки 13 преку Кичеец први стапиле во контакт со Ана Камчева. Обвинетиот Кичеец може ќе слушнете дека се што направил било да му помогне на Камчев зошто го чувствувал како брат, но ќе видите и дека не заборавил да ја земе торбата полна пари, изјави Русковска.

МИА/Фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 и Јанева тврдат дека не се виновни, Кичеец го призна делото за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе потроши 2,8 милиони евра за да купи деловен простор од 996 квадрати во седиштето на НАТО

Редакција

Кандидатот за претседател на Бугарија Лозан Панов ќе го посети Скопје и сака затоплување на односите

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Спектартермо“ вреден 987,8 илјади евра

Редакција