еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ременски: Видов се освен докази против мене во случајот „Меѓународен сојуз“

Пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски денеска по излегувањето од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за случајот со „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13, рече дека видела сè, освен докази.

„Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала за доказите, бидејќи тоа е надлежност на институциите. На сите прашања ќе одговорам кога ќе дадам исказ пред Обвинителство“, рече Ременски одговарајќи на новинарско прашање.

Таа додаде дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.

На распит кај обвинителката Вилма Рускоска во врска со сомненијата за измама и перење пари во проширената истрага за случајот „Рекет“ денеска е потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ.

Се очекува утре во Обвинителството исказ да даде и пратеничката Ременски.

Овој дел на истрагата, која Обвинителството ја отвори на 9-ти октомври против пет лица, се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други.

Од Обвинителството соопштија дека врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дошол до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 до април 2018 година, првоосомничениот Боки 13 како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

„Тој лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото.

Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација“, информираа од Обвинителството.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Кој се е осомичен во “Рекет 2“

Осомничената Фросина Ременски на увид во доказите за „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Вознемирувачки сцени од Косово: Судир на КФОР и Срби, има повредени

Редакција

Потребни се 56.522 денари за четиричлено семејство да го помине месецот

Редакција

Волстрит журнал: Ефикасноста и безбедноста на „Спутник V“ е геополитичка победа за Москва

Редакција