Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го бендиса, но лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев рече дека неможе да се изјасни за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, технички министер за внатрешни работи да биде армискиот полковник Драган Ковачки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи
Дескоска смета дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи е противуставен
Спорен момент, на кој се повикува Заев е што првиот човек на МВР треба да биде цивилно, а не воено лице.
„Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“, се вели во членот 97 од македонскиот Устав.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
Предлогон за нов министер за МВР не е соодветен за СДС зошто нема слика со БОКИ 13!!!
— 🇲🇰 Jana 🇲🇰 (@janaeedna) December 29, 2019
Сиљановска: Предлогот на Мицковски е неуставен, ама па што има врска.
Србите викаат “вук длаку мења, али ћуд никада”.
— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) December 28, 2019
НАТО-мен нов технички министер за МВР, ова ли е тоа руско влијание во ВМРО?
— Wicked Mrchatina (@Mrchatina) December 28, 2019
Спротивно на уставот предлагаат воено лице за министер за внатрешни работи, ама кога ќе дошле на власт бескомпромисно ќе го бранеле Уставот. Ок.
— Goce Markoski (@markoski_goce) December 28, 2019
Едвај го погодивме вистинскиот министер! pic.twitter.com/OqZaVH6cqy
— Седо Перо (@sedo_pero) December 28, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи