еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата одлучи да додели шест милиони денари за помош за настраданите од пожарите во Австралија

Владата денеска на редовната втора седница донесе одлука од резервите на буџетот за 2020 година да бидат одобрени 6.000.000 денари за помош за настраданите од пожарите во Австралија.

Повеќе од пет милиони хектари земја се изгорени во пожарите што ги зафатија сите шест австралиски држави и една територија, во кои има и човечки жртви и стотици уништени имоти.

Во изминатите денови се регистрирани екстремни температури во државите Нов Јужен Велс, Викторија и Јужна Австралија. Во делови од Сиднеј викендот беа измерени 48 Целзиусови степени  и ветрови од 80 км на час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Талевска од Мелбурн за пожарите: Terra Australis (Непознатата земја) чекори кон непознатото

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пошта е злоупотребена во измамничка кампања на Фејсбук

Редакција

Потврдени заклучоците за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, со промените што ги бараше Софија

Редакција

Убава вест: 158 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција