еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кинескиот град Вухан во сообраќајна изолација заради коронавирусот

Во кинескиот деветмилионски град Вухан, во кој беше регистриран првиот случај на новиот тип на коронавирус, ќе бидат затворените сите сообраќајни и транспортни мрежи, а на граѓаните им е советувано да не го напуштаат градот, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Во прекин е автобускиот, подземниот, траектниот и меѓуградскиот сообраќај, а аеродромот и железничката станица ќе бидат затворени за сите патници во заминување од утре, 23 јануари, во 10 часот по локално време.

Властите ги замолиле граѓаните да не го напуштаат градот без некаква посебна потреба, пренесуваат британските медиуми.

Бројот на жртви од новиот коронавирус во Кина од денеска е нараснат на 17, додека бројот на заболени порасна на 540, соопштија денеска здравствените власти.

Вирусот од Вухан досега се прошири и на други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макао и Хонг Конг, а потврдени случаи има и во САД, Тајван, Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија за прв пат повеќе излекувани, отколку заболени од коронавирусот

Редакција

Украинците ги менуваат сообраќајните знаци, за да ги збунат Русите во окупацијата

Редакција

(Видео) Одложен стартот на судењето за Максим Димитриевски поради нови докази

Редакција