еМагазин
Image default
Македонија

Бојан Јовановски 55 пати бил носен на здравствени интервенции, ова е изживување, вели неговиот адвокат

Здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 е далеку од добра и тој по секоја цена се носи на судење. Ова е изживување. За шест месеци е носен 55 пати во болница, изјави неговиот бранител, адвокатот Сашо Дуковски по денешното рочиште за случајот „Рекет“.

Прашан каква е здравствената состојба на Боки 13, адвокатот Дуковски порача дека е далеку од добра и дека тој со сила се носи на судски рочишта.

– Сами може да заклучите каква е здравствената состојба на едно лице кога 55 пати е носен на здравствени интервенции. Тие не се ништо друго, туку едно алиби дека нешто се прави. Ништо не се прави, туку се обидува да се одржи некоја далеку од нормална состојба за да тој по секоја цена се носи на судење, изјави Дуковски.

Нагласи дека пред неколку дена примероци од здебелени чирови во неговиот желудник се пратени на Хистологија да се утврди дали станува збор за можен карцином.

– Имаме известие од субспецијалист дека треба да се спроведе хигиено-диететски режим. Не знам кој лекар во Македонија веќе треба тоа да го напише. Не може сите лекари да грешат, сите лекари се сложни дека истиот треба да се биде на строг хигиено-диететски режим. Како може тоа да се спроведе во затвор, изјави Дуковски.

Посочи дека станува збор за класична дискриминација, каде од тројца обвинети, само обвинетиот се наоѓа во притвор.

– Доколку се случи нешто со Бојан Јовановски, јавно кажувам дека многу лица ќе бидат опфатени со кривични пријави. Ова е изживување. Дали како новинари сте имале некој што за шест месеци е носен 55 пати во болница и притоа еден месец да биде хоспитализиран, изјави Дуковски.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Испрати ли Боки 13 порака со објавата на Фејсбук страната на 1ТВ дека ќе бидеме изненадени од позадината за „Рекет“

Какви доверливи информации има Боки 13?

Кои високи преставници му се закануваат на Боки 13?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Регистрирани 111 оздравени пациенти од корона вирусот, најмногу во Скопје 56

Редакција

Случај „Монструм“: Побарана е екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, но од Косово се уште нема одговор

Редакција

И Катица Јанева спроведена во Идризово, треба да одлежи седум години за „Рекет“

Редакција