еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Амбициозниот Цако стана дел од тимот на Град Скопје

Александар Матовски, познат како Цако, од денеска е дел од тимот на Град Скопје. Тој ќе биде ангажиран во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита, бидејќи неговите афинитети се насочени токму во оваа област, а неговите познавања за целните групи ќе помогнат во унапредување на социјалните услуги за граѓаните.

– Нашиот нов колега е лице со Даунов синдром, со високо образование, амбициозен и подготвен за предизвици, подготвен да покаже дека лицата со било каква попреченост можат подеднакво да учествуваат во општествените процеси и да се грижат за заедницата.

Особено сум горд што како градоначалник учествувам во уривањето на стереотипите и предрасудите поврзани со овие лица, бидејќи сметам дека сечиј капацитет може да се искористи и соодветно да придонесе за развој на општеството, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој додаде дека ваквите чекори покажуваат дека треба да се препознаат можностите кај секој човек без разлика дали се соочува со некаква попреченост или не, и да им се овозможи шанса за сите да се вложи во нивен личен и професионален развој.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мето Јовановски последниот поклон пред публиката го имаше пред само дваесет дена во својот матичен Драмски театар Скопје

Редакција

Проф. Трајковски: Доколку бројките на МЗ се точни, испаѓа дека дури и без трета доза, вакцинираните засега се прилично заштитени од смртен исход

Редакција

(Фото) Кога министерот Димитров се разубавува

Редакција