еМагазин
Image default
Македонија

Официјално е постигната коалиција меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива

Алијансата за Албанците и Алтернатива заедничко ќе настапат на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Преку јавно обраќање лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, потврди дека од страна Африм Гаши, претседател на политичката партија Алтернатива, добиле писмена согласност за предизборна коалиција за изборите на 12 април.

-За жал одговор од другите партии немаме. Од овој момент ние имаме предсогласност за коалиција за 12 април. Враќање назад веќе нема. Како претседател на Алијансата за Албанците, Ве информирам дека ние со Алтернатива ќе имаме коалиција.

Во меѓувреме ние остануваме отворени за сите други странки кои се заинтересирани за да го засилат и соединат албанскиот глас и да ја максмимализират албанската понуда во изборите на 12 април, но и во период после 12 април, изјави Села.

МИА/Фото: Фејсбук/Села

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово

Редакција

Обвинителството презентираше докази за „Империја“, судењето продолжува на 9 мај

Редакција

Весна Дамева се врати на чело на Судскиот совет, актуелниот претседател Сашко Георгиев поднесе оставка

Редакција