Актерката Џејми Ли Кертис која неодамна на социјалните мрежи сподели колку е воодушевена од македонскиот филм “Медена земја“, на својот Инстаграм профил се пофали дека добила тегла мед од херионата на филмот, Атиџе Муратова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Изненадување. Подарок што трае. Директно од изворот. Мед од тимот на ’Медена земја‘. Атиџе ми остави една тегла. Ветувам ’пола за мене, пола за нив‘. Во овој случај, кој е ’нив‘ за мене?
Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го изгледале ‘Медена земја’, инсистирам да го направите тоа“, пишува во нејзината објава.
Се претпоставува дека Атиџе е една од последните жени во Европа која прави мед од диви пчели.
Нејзиниот мед е органски, и како што вели таа во интервју за еМагазин, тој е одличен лек.
Атиџе е Личност на годината на еМагазин за 2019 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка