еМагазин
Image default
Македонија

Ново рочиште за „Монструм”

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм”. На последното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, во април 2012 година, сведочеше поранешниот премиер Зоран Заев.

Заев пред судот рече дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите“.

На една од средбите, некои од родителите изразиле сомневање дека правосудниот систем крие од нив информации и докази. Тој им ги презентирал аудиоматеријали што ги побарале, без да им даде копија.

Свое сведочење по однос на „бомбите” имаше и свиркачот Звонко Костовски.

Обвинението за овој предмет го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, додека судењето го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во болницата во Битола почина 19-годишната девојка со Даунов синдром, која беше суспектна на Ковид-19

Редакција

Втор бран на корона вирусот: Петнаесетина семејства сочинуваат 90 проценти од новозаболените

Редакција

Сиљановска Давкова и грчкиот министер Герапетритис не разговарале за името

Редакција