еМагазин
Image default
Македонија

За финансирање на изборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ ќе земе и кредит

Имотот на ВМРО-ДПМНЕ е под хипотека, а обврските на време се сервисираат, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за долгот на партијата, но и дали би прифатиле донации од бизнисмените Орце Камчев или Сашо Мијалков на пример.

“Партијата има на нејзината веб – страница жиро сметка и секој граѓаниин што цени дека треба да ја подржи ВМРО може да ја финансира. Да, апсолутно од секој граѓанин… од секој… од Заев, Камчев, Мијалков, Никола Груевски, вие, кој било што цени и сака да помогне е добродојден“, одговори Мицкоски.

Изборната кампања на партијата ќе биде финансирана од членарина, од донации, но и со комерцијален кредит што партијата ќе го подигне од некоја од банките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски повика на граѓански протест

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новогодишно обраќање на Мицкоски: Посакувам бериќетна година и Македонија да успее

Редакција

Само 11% од заболените од Ковид-19 во Македонија завршиле во болница

Редакција

Нови фотографии од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли, од обложувалница

Редакција