еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Сомнителниот пациент од Италија тестиран на Инфективната клиника во Скопје нема корона вирус

Министерство за здравство информираше дека се негативни на корона вирус резултатите на пациентот кој вечерва беше тестиран на Инфективната клиника во Скопје.

„Будно ја следиме состојбата и во континуитет постапуваме по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирус,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Синоќа некаде пред полноќ од таму информираа дека пациент кој слетал од Милано, по неколку часа се пожалил на зголемена температура и превентивно бил тестиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Инфективна клиника се врши тестирање на корона вирус на патник кој слетал од Милано

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Апартмани, куќи и хотели по багателни цени во Грција: Квадратот поевтин од Скопје

Редакција

Факом со добивка од 500 евра во првото полугодие

Редакција

Објавени конкурсите за ученички стипендии, воведени нови категории за техничките струки

Редакција