еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Турција почна офанзива „Пролетен штит“ како одмазда за загинатите 33 војници во Идлиб

Турција почна офанзива против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во северозападната сириска пртовинција Идлив. Офанзивата е почната како одговор на смртоносниот напад на сириските сили врз турските позиции во ова провинција од пред три дена, кога загинаа 33 турски војници.

-Операцијата „Пролетен штит“, почната по ужасниот напад од 27 февруари во Идлиб, успешно се спроведува, изјави денеска турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар.

„Успешно продолжува операцијата „Пролетен штит“ што беше почната на 27 февруари како одговор на нападот врз турските војници. До денеска се уништени еден дрон и осум хеликоптери, 103 тенка, 72 хаубици, три системи за ПВО и убиени се 2.212 војници на режимот на Асад“, ги пренесе податоците на министерот тускиот канал НТВ.

Турскиот министер за одбрана нагласи дека целта на офанзивата „не е судир со Русија“.

-Нашата задача е да ги спречиме злосторствата кои ги прави режимот на Асад, да ги елиминираме радикалните елементи и да го спречиме бранот миграција, нагласи Акар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа нова криза: Турција го отвора патот за сириските бегалци кон Европа?

(Видео) На повидок војна меѓу Турција и Русија на тлото на Сирија по загинувањето на 33 турски војници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил државниот јавен обвинител Коцевски, за кого Владата бара разрешување

Редакција

(Видео) Ќерка ми нема да се врати, но работата е такви луѓе да нема, вели мајката на убиената Емилија Пешева

Редакција

(Видео) Нокаут за Борис Џонсон: Домот на лордовите пресече дека нема Брегзит без договор со ЕУ

Редакција