Министерството за здравство информира дека резултатите на двајцата лекари кои се вратиле од конгресот во Мадрид се негативни на корона вирус.
Тие се вратиле во земјава во саботата навечер, а вчера Светската здравствена организација (СЗО) ги извести здравствените власти дека во текот на вчерашниот ден кај еден од предавачите на конгресот било утврдено дека е заболен од корона вирус.
По тестирање на инфективната клиника, тие остануваат во домашна изолација во наредните 14 дена.
На корона вирус се тестирани уште 2 лица, еден кинески и еден наш државјанин.
Кинескиот државјанин денеска пристигнал на скопскиот аеродром, но иако немал симптоми, службите на аердоромот го изолирале и веднаш го контактирале Институтот за јавно здравје, бидејќи е патник кој доаѓа од Кина.
Македонскиот државјанин е наш студент во Италија.
И тестовите на овие две лица се негативни на корона вирус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца наши лекари кои биле на конгрес во Мадрид се тестирани на корона вирусот
Поради корона вирусот Драмскиот театар во Скопје го прекинува репертоарот до 6 март
Се што треба да знаете за корона вирусот и зошто нема потреба од паника