еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ ги прекинува летовите кон Италија, по одлуката на владата цела држава да биде во карантин

„Виз ер“ објави дека од денеска 10 март 2020 ги суспендира сите свои рути до Италија, како резултат на одлуката за рестриктивни мерки на италијанскиот премиер, со цел да ја контролира појавата на корона вирусот во земјата.

„Летовите за сите дестинации на „Виз ер“ кон Италија (Алгеро, Бари, Болоња, Катанија, Милано Бергамо, Милано Малпенса, Неапол, Пиза, Рим Киамино, Рим Фиумичино), се откажани.

Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електронска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити.

Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење.

Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции – вклучително и преку туристички агенции преку Интернет – треба да стапат во контакт со компанијата каде ги купиле своите билети,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цела Италија „под клуч“ за да се спречи корона вирусот

(ВИДЕО) Морничави сцени од Италија: Коронавирусот ги испразни улиците

(ВИДЕО) И Пјаченца во Италија, каде работат илјадници Македонци во карантин поради коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Стојанче Ангелов, кој од в.д. е именуван за директор на ЦУК

Редакција

Најмладиот на 35-годишна возраст: Од Ковид-19 починаа седум лица

Редакција

Бугарскиот премиер Петков денеска во посета на Македонија

Редакција