еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Тест за детекција на корона вирусот во Клиниката „Жан Митрев“ само со претходно закажан термин

Клиничка болница „Жан Митрев“ има можност за згрижување и изолација на инфективни пациенти, информираат од Клиниката и додаваат дека рутински прават испитувања на корона вирусот и сите други вируси.

„Нашата лабораторија за Генетика и Персонализирана медицина е единствената која нуди детекција на новиот смртоносен коронавирус (SARS-CoV-2) со RT-qPCR тест според протоколот на CDC.

Испитувањата се прават исклучиво со преходно закажување на телефонскиот број +389 2 3104 921. Цената е 1.500 денари.

Во нашата клиника се превземени сите потребни мерки за заштита на пациентите и персоналот. Сите вработени се едуцирани за соодветна хигиена, дезинфекција и посебен режим на посета на пациенти  уште пред оваа епидемија да добие ваков обем.

Ние имаме услови за прифаќање на инфективни пациенти со тоа што имаме соби со негативен притисок кои се пропишани за аерогена изолација.

Но, според JCI, нашата политика вели дека таквите пациенти ги трансферираме на Инфективна клиника.

Исто така, ние како болница не би требало да хоспитализираме и да третираме пациенти со Корона вирус (како закана за епидемија) бидејќи препораката е таквите пациенти да се препраќаат на Инфективна клиника односно болниците кои имаат оддел за Инфективни болести како што беше кажно од Министерството за здравство.

Но, доколку ресорното министерство ја промени оваа одлука тогаш подготвени сме да излеземе во пресрет согласно потребите на државата“, информираат од Клиниката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Николовски, Костадиновски и Мицкоски „најдобри другари“

Редакција

За првомајскиот викенд сонце и повремен дожд

Редакција

(Видео) “Ми даде Господ сила, не знам како, ја грабнав мечката за уши“, вели сточарот Цане Србиновски за нападот

Редакција