еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Втор човек во светот излекуван од ХИВ

Маж од Лондон е втората личност во светот што се излекувал од ХИВ.

Адам Кастиљео нема ХИВ повеќе од две и пол години од завршувањето на антиретровирусна терапија, потврдија лекарите.

Сепак, тој не бил излекуван со лекови за ХИВ, туку матични клетки за рак, од кој исто така страдал, објавија лекари во научното списание Лансет ХИВ.

Тие матични клетки имаат необичен ген што им овозможува заштита од ХИВ.

Тимоти Браун, познат како „Берлинскиот пациент“, беше првиот што се излекува од ХИВ во 2011 година, три и пол години откако прими слична терапија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Охрид продолжува судењето за напаѓачите на Пендиков

Редакција

Драматичен раст: 518 нови случаи на Ковид-19 од 5.809 тестирања

Редакција

Кој е Башким Хасани, старо-новиот заменик министер за одбрана

Редакција