еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Поради корона вирусот Албанија забрани меѓуградски сообраќај

Од утре до недела на полноќ во Албанија се забранува меѓуградскиот сообраќај, како и движење на приватни возило кон осум од дванаесетте окрузи во земјата, објави албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук.

Барајќи разбирање од граѓаните, тој наведува дека ова е единствениот начин да се спречи брзото ширење на коронавирусот во земјата, каде само во последните 24 часа регисрирани се нови осум случаи, со што бројот на заразените достигна 23 лица.

– Од утре во шест часот до недела на полноќ се забранува меѓуградскиот сообраќај, како и движење на приватни возила од Тирана и Драч кон другите области, како и меѓуградскиот сообраќај Тирана-Драч и обратно. Исто забраната важи и за Скадар, Валона, Лежа, Елбасан, Фиер и Љушња – наведува Рама.

Сообраќајот во овие подрачја ќе биде отворен само за амбулантни возила, возила што вршат функции на државни служби и за оние кои превезуваат прехрамбени и други производи за широка потрошувачка.

Тој апелира до граѓаните строго да ги почитуваат сите препораки и мерки и додава: „страв воопшто, внимание да“.

Премиерот Рама претходно им се заблагодари на верските заедници, кои одлучија, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, да ги прекинат сите верски активности.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

Со корона вирус заразени и вработени во грчки медиуми

Канадскиот премиер Џастин Трудо во самоизолација, неговата сопруга со симптоми на корона вирусот

Бројот на заразени со корона вирусот во Грција се искачи на 117 лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Kani houses“ ново хит место во Лешок

Редакција

Лицата во изолација во Македонија ќе се следат преку мобилна апликација

Редакција

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Редакција