еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија го забрани влезот на странски државјани од земји со висок ризик

Согласно најновите зајакнати препораки усвоени на владина седница, Македонија го забранува влезот на странски државјани од земјите со висок ризик согласно Листата на Светска здравствена организација (СЗО) објавена на веб страницата на Министерството за здравство.

Во државата ќе можат да влезат само оние кои ќе достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.

Исто така Владата препорачува да се упати апел до државјаните на нашата земја кои живеат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјата во овој период.

„Се задолжува Министерството за надворешни работи, преку дипломатско – конзуларните претставништва , да ги информира нашите државјани во странство за земјите со висок ризик, согласно Листата на Светската здравствена организација,“ се вели во препораките на Владата.

Во случај на појава од патници на граничните премини од земјите со висок и среден ризик согласно Листата на Светската здравствена организација, истите задолжително да спроведат самоизолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се обврските на авиокомпаниите кон патниците кои слетуваат, согласно новите зајакнати мерки на Владата за заштита од корона вирусот

Превентивно од корона вирусот: Како правилно да се самоизолирате дома?

Детална листа на лица со хронични состојби кои треба да бидат ослободени од работа

Поради корона вирусот во Дебар и Центар Жупа можно воведување карантин

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здружение на јавни обвинители: Писмото од Русковска го нарушува угледот и Етичкиот кодекс на јавните обвинители

Редакција

Кои акции имаат најголем раст, а кои пад на Македонската берза во март

Редакција

Нови рочишта за „Титаник“, „Тенк“ и „Насилство во Центар“

Редакција