еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се обврските на авиокомпаниите кон патниците кои слетуваат, согласно новите мерки за заштита од корона вирусот

Согласно најновите препораки на Владата и зајакнати мерки за превенција од корона вирусот, Ви пренесуваме кои се обврските на авиокомпаниите.

Авиокомпаниите, преку својот персонал – екипаж се должни за време на своите летови да ги соберат PLF (Passenger Locator Form) обрасците од патниците, да ги разгледаат и да ги предадат на нивниот агент по пристигнувањето во Македонија.

Овластениот агент од авиокомпанијата, е должен PLF (Passenger Locator Form) обрасците од патниците, да ги достави до Служба за итна медицинска помош на воздухопловно пристаниште ТАВ ДООЕЛ Македонија – Меѓународен Аеродром Скопје и до медицинска служба на Аеродром „Св. Апостол Павле“ – Охрид, задолжени за следење на мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Сите патници, членови на екипажот и оперативен персонал при пристигнувањето со авион во Македонија мора да го пополнат PFL образецот.

Сите PFL обрасци мора да бидат собрани од екипажот, проверени и преброени и да се предадат на агентот веднаш по слетувањето.

Авиокомпаниите, по претходно добиени информации од надлежните служби од Македонија, задолжени за следење на мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), се должни пред да полетаат, да ги известат патниците за мерките на претпазливост кои се на сила при влегувањето во Македонија, во согласност со моменталната состојба и со преземените мерки и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), предложени од Министерство за здравство.

Сите авиокомпании коишто пристигаат во Македонија, да ги информираат нивните патници, пред влезот во воздухопловот, за следното:

-сите странски државјани кои влегуваат во Македонија, а кои во последните 14 дена ги посетиле следните земји/територии: (листа на земји за кои ќе важи преземената мерка – листата ќе се обновува на дневна основа и истата до АД М-НАВ Скопје (отсек Нотам) ќе ја доставува Министерството за здравство, на e-mail адреса: [email protected]), ќе бидат предмет на задолжителна 14 дневна самоизолација.

-сите странски државјани кои немаат уреден престој во Македонија, мора да поседуваат доказ за резервирано сместување.

Оваа обврска ќе биде предмет на модификација во зависност од понатамошниот развој на состојбата.

Овој 14-дневен период ќе се смета од последниот ден на престој во земјата/територијата во ризик, согласно листата на земји на Светската здравствена организација (СЗО), информираат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради корона вирусот цената на медицинските маски од 8 „рипнаа“ на 40 денари

Македонија го забрани влезот на странски државјани од земји со висок ризик

Превентивно од корона вирусот: Како правилно да се самоизолирате дома?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поевтинуваат за половина денар

Редакција

Комисијата за заразни болести предлага вежбалните, фитнес центрите и теретаните да почнат со работа

Редакција

Уставен ја укина Одлуката за ДУП во скопски Центар, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно

Редакција