Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата на Република Северна Македонија за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.
Армијата ќе биде ангажирана во поддрка на полициските сили од вечерва до 11 април годинава.
Одлуката, како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, е донесена во функција на спречување на ширењето на коронавирусот COVID-19 и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.
Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата предложи Пендаровски да ја активира Армијата во справување со кризната состојба во дебарско
Четворица нови случаи од Дебар заразени од корона вирусот, вкупно бројката достигна 13
Фото: АРМ