еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предложи 9 итни мерки за надминување на состојбата со коронавирусoт

Поради влошување на состојбата со коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ предложи итни мерки за да не дојде до целосно ескалирање и да се заштити здравјето на граѓаните. Оттаму велат дека е потребно е максимално ангажирање на сите стручни и кадровски потенцијали за квалитетно и ефикасно справување со моменталната состојба во која се наоѓа Македонија.

Од партијата предлагаат:

1.Итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот за месец март.

2.Итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.

3.Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот во висина од 50-тина проценти.

4.Формирање на стручно тело, од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски,  антисептични средства и други потреби во врска со оваа состојба.

5.Да се спроведе итна национална набавка на антисептични средства, заштитни маски и ракавици кои ќе бидат бесплатни за граѓаните.

6.Обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус.

7.Потребно е работата на државната администрација да се редуцира, односно половина од јавната администрацијата да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи. со ваквиот начин на работа ќе се намали и ризикот од брзо ширење на вирусот.

8.Отворање на 24 часовна линија за консултации и прашања поврзани со вирусот.

9.Удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Секое возило кое влегува и излегува од Дебар и Центар Жупа се дезинфицира

Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира

Детална листа: Најнови мерки и заклучоци на Владата против корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Редакција

Нови 1.129 случаи на Ковид-19 од 4.045 тестирања

Редакција

Убава вест: 408 оздравени од Ковид-19

Редакција