еМагазин
Image default
Техно

Истражување: Колку се подготвени банките да понудат електронски услуги?

Во екот на пандемијата од коронавирусот електронското банкарство игра важна улога во спречување на ширењето на коронавируот, соопштија од Институтот за развој на електронски комуникации (ИНРЕКОМ) каде направиле кратка анализа за тоа, колку се подготвени македонските банки да понудат дигитални банкарски услуги на своите корисници.

Во анализата заклучуваат дека електронското банкарство, без разлика дали е преку интернет страница на банката или пак преку мобилната апликација, дефинитивно е начин за избегнување на метежот пред банкарските шалтери.

„Треба да се напомене фактот што кај некои банки, плаќањето онлајн е без провизии, а таму каде што ги има, се значително помали. Кај голем дел од банките, постои опција за активирање на налозите со иден датум, но и автоматизирано штедење на пари.

Општ заклучок е дека од 14 банки, само две (Комерцијална и НЛБ Банка) имаат мобилна апликација преку која може да се врши безготовинско плаќање преку NFC стандардот.

Од објективна гледна точка, ИНРЕКОМ упатува препорака до втората најголема банка-Стопанска Банка – Скопје, но и другите два играчи од големата петорка-Халк и Охридска Банка (која ќе се спои со Шпаркасе) да вложат напори за креирање на такви апликации.

Забележливо е дека две од помалите банки, ЦКБ и Капитал Банка воопшто немаат мобилна апликација, што претставува отсуство на иницијатива во поглед на дигитална трансформација на услугите.

Од коментарите за мобилните апликации, се забележува дека корисниците упатуваат барања до Стопанска Банка А.Д. Скопје, кон веќе постојната апликација да воведе известување за прилив и одлив на средства од сметките, што според нас претставува минимален пропуст во поглед на основните функционалности на апликацијата.

Банките потребно е преку Македонската Банкарска Асоцијација да отпочнат промотивни кампањи за зголемено користење на електронското банкарство, со цел максимално искористување на потенцијалите, но воедно и постепено откажување на хартиените сметки од другите компании и користењето на готовината при плаќањата“, се вели во заклучоците на истражувањето.

Воедно, ИНРЕКОМ апелира да се користи е-банкарството, да се купува и плаќа онлајн со единствена цел заштита од ширење на заразата.

Целото истражување ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот покажа колку сме себични

(Видео) Преку мегафони на возило, општина Чаир бара од граѓаните да останат дома

(Видео) Бојко Борисов хит на социјалните мрежи: „Не кашлај“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисниците на Македонски телеком ќе добијат сметки електронски

Редакција

А1 Македонија со промотивна понуда за постпејд корисниците: Двојно повеќе интернет во пакетите за национален мобилен интернет

Редакција

Нова Бреинстер Академија за лидерство и менаџмент – достапни се стипендии за жени претприемачи и млади лица

Редакција