еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Брашното во некои продавници во Чаир, поскапено речиси двојно

До редакцијата на еМагазин.мк пристигнаа поплаки од граѓани од скопската Општина Чаир, кои тврдат дека цената на брашното е зголемена речиси двојно.

Имено, тие велат дека во зависност од производителот, цената од 400 до 500 денари за вреќа брашно од 25 килограми, се зголемила на 850 денари.

Иако од Државниот пазарен инспекторат уверуваат дека инспекторите се на терен, граѓаните замолуваат, пазарните инспектори да ги проверат и продавниците во Чаир.

Владата на вчерашната седница донесе одлука со кои се замрзнуваат цените на основните производи помеѓу кои и на брашното.

„Жито Лукс“ неодамна соопшти дека цената на нивните производи останува иста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

Владата ги замрзна цените на лебот, солта, зејтинот, млекото, јајцата, брашното, месото…

Цените на производите на Жито Лукс остануваат исти и нема потреба од залиха

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораст на цените сред пандемија: Поскапеле маслото, шеќерот, овошјето, зеленчукот, месото…

Редакција

РКЕ: Доколку сметките за струја се нереално високи, доставете претставка

Редакција

Бројот на работници во индустријата во ноември намален за 3,6%

Редакција