Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека од 43 тестирани уште тројца се позитивни, и со тоа вкупната бројка се зголеми на 70 лица.
Сите заболени пациенти се во добра состојба, освен првата пациентка од Дебар која е на апарат за дишење и состојбата и е влошена. Филипче се надева дека таа ќе ја надмине кризата.
Двајца пациенти се во фаза на подобрување на Инфективна клиника.
Градови кај кои се регистрирани случаи се Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид.
Филипче изјави дека сите пациенти кои се болни и се во домашна изолација се посетени од лекари.
Просечна возраст на новозаболените е 40 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС
Следува потопол период, колку тој ќе ја ублажи состојбата со коронавирусот?
Сега не е време за диети – со зеленчук, овошје, чаеви, супи, јогурт и пилешко против коронавирусот
Корона вирусот засега на зелените пазари ги накачи цените на лимоните и кромидот