еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Браво: Старите лица од „Мајка Тереза“ изработиле 100 заштитни маски за здравствените работници во Дебар

Во знак на хуманоста и поддршката за здравствените работници во секојднeвната борба со Ковид-19 (корона вирус), нашите корисници во Домот за стари лица „Мајка Терза“, во рамки на социјални и општокорисни работи самоиницијативно изработија 100 заштитни маски од 100% памук (lux ranforce), информираат од таму.

Материјалите за работа се обезбедени од лични средства на вработените и ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, Скопје, во чии рамки функционира домот.

Овие заштитни маски ќе бидат донирани во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје на оние за кои во овој момент тоа им е најпотребно, а тоа се вработените во Дебарската болница.

„Соочени со новонастанатата состојба во нашата држава и појавата на коронавирусот, како светска пандемија, голем број од активностите и настаните кои се предвидени за оваа година, едноставно мораше да ги одложиме и да се воздржуваме од истите, максимално почитувајќи ги препораките од ресорното Министерство за здравство и МТСП.

Сепак, од страна на нас вработените, со наши лични средства, но и со една голема и хумана мисла сосема спонтано се изроди идејата за изработка на заштитни маски која корисниците кои се дел од работно-терапевтската секција во Домот веднаш и без размислување ја прифатија и парцијално како и без ризични групирања, изработија 100 заштитни маски од 100% памук LUX RANFORCЕ,“ велат од Домот.

Инаку во домот за стари лица „Мајка Тереза“ се сместени стари лица, корисници на социјална заштита. Секојдневно функцонираат голем број активности и настани, а се во рамките на културните и работно -рекреативните дејности се со цел за активен живот и стареење во третото доба, збогатувајќи го максимално социјалниот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Фирмата Гифти Текс од Прилеп веќе изработи 1.000 маски бесплатно, кои ќе се донираат

БРАВО: И “Текстил М“ од Македонска Каменица почна да произведува заштини маски, кои ќе ги донира

Корона вирусот покажа колку сме себични

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 621 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Нов рекорд: 300.000 луѓе низ светот заболени од Ковид-19 за еден ден

Редакција

Мон Блан е за 2,22 метри понизок од пред две години

Редакција