еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе ги плаќа по 10 евра за легло на ден: Владата ги повика хотелите да ги отстапат капацитетите за државни карантини

Владата објави јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла и кои се заинтересирани доброволно да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението со цел справување со коронавирусот.

Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден.

Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.

Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 23 март, понеделник, до 14 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: [email protected], соопшти владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се пренесува ли коронавирусот по сексуален пат?

Предупредување на СЗО: Корона вирусот ги убива и младите

Воведен полициски час од 21 часот до 6 наутро: Кој ќе може да се движи и каде

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за сообраќајната несреќа кај „Св.Еразмо“ во која едно лице го загуби животот, а тројца беа повредени

Редакција

Струмичката „Атлантис“ го доби тендерот на „ГА-МА“ за набавка на авионски превоз вреден 32.500 евра

Редакција

Општина Битола вработува пет лица, плата до 22.311 денари

Редакција