еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителство: Непочитување на полициски час носи кривично-правна одговорност

Јавно обвинителство информира дека непочитувањето на полицискиот час кој ќе започне од вечерва од 21 часот до 6 часот наутро значи извршување на кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

„Имено, за ова кривично дело се одговара кога за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не се постапува според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување.

За ставот 1, за кој е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари,“ информираат од Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прв смртен случај од корона вирусот во Македонија: Жената два пати била тестирана, тестовите биле негативни

Седете дома за да им олесниме: 23.000 здравствени работници се грижат за два милиони народ

Воведен полициски час од 21 часот до 6 наутро: Кој ќе може да се движи и каде

Армијата се вклучува во надзор на границите, во контрола на патните правци и во обезбедувањето витални објекти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Траекторија“ продолжува без Груевски

Редакција

Утре се очекуваат 10 илјади дози од „Фајзер“, до крајот на април и 200 илјади кинески вакцини

Редакција

Убава вест: Оздравени 289 заболени од Ковид-19, од Скопје 124

Редакција