еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка: Депозитите се сигурни и најбезбедни во банките

Депозитите на граѓаните во банките се сигурни и не постои простор за загриженост, а прогласувањето на вонредната состојба не подразбира промени во процесот на банкарското работење, порачуваат од Народната банка.

Оттаму велат дека заштедите во вакви околности се најбезбедни во банките и штедилниците и го имаат истиот статус како пред прогласувањето на вонредната состојба.

Појаснуваат дека и во вонредна состојба, за депозитите се пресметува и добива камата, во согласност со договорот што клиентот го има со банката или штедилница, како што важат и сите други договорни одредби.

-Не постои простор за загриженост – како што веќе укажавме, и во периодот на вонредната состојба, депозитите ќе им бидат достапни на граѓаните и фирмите, како и претходно, истакнуваат од Народната банка.

Потсетуват дека и сите други услуги што ги нудат банките и штедилниците, на граѓаните и фирмите им се достапни додека трае вонредната состојба.

-Работата на финансиските институции за кои Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган го задржува својот континуитет и во овие привремено променети околности, оценуваат од централната банка и истакнуваат дека платниот промет се одвива непречено.

Укажуваат дека користењето на готовината во овој период е опасно по здравјето и апелираат плаќањата да се вршат со платежни картички или преку сервисите за електронско и мобилно банкарство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излекуваните од коронавирусот можат да останат носители и преку носот да го шират

Не сите граѓани и фирми ќе добијат одложено плаќање на кредитите, велат од банките

Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апел од обвинетите за насилството во Собранието: Немојте дечињата на пратениците кои гласале, да бидат под страв

Редакција

На 350.000 вакцини за Ковид-19 рокот им истекува до крајот на годината, интерес за вакцинирање нема

Редакција

Обвинителите Ајро и Цветановски предложиле Апелација да го укине куќниот притвор на Незири и Рамдедовиќ

Редакција