На денешната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека во новозаболените со коронавирусот во Македонија е уште 1 лице поврзано со Клиника за кожни болести заразено со коронавирусот.
Не потенцираше дали станува збор за здравствен работник.
Вчера беше соопштено дека се заболени пет здравствени работници од Клиниката за кожни болести, кои имале контакт со поранешната заболена директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска.
Тие биле 16 дена во самоизолација без никакви симптоми, но на контролниот тест биле позитивни.
Здравствените работници се дома и се во добра здравствена состојба и ќе останат во самоизолација.
Здравствени работници кои беа во контакт со поранешната директорка во групи се тестираат деновиве.
До сега, како што објави еМагазин, со коронавирусот се заразени 17 здравствени работници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пациентот од Тетово заболен од корона вирусот се лекувал во Заводот за рехабилитација во Козле
Од следната недела ќе има пошироко мобилно тестирање на граѓани како превенција од корона вирусот