еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заболениот пациент со коронавирусот од Тетово e неподвижен, како се заразил?

Првиот случај на заболен со коронавирусот од Тетово, маж кој има 69 години, е неподвижен, потврди на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој информираше и дека две недели пациентот се лекувал во Заводот за рехабилитација во скопско Козле од мозочен удар, а било откриено дека е позитивен на коронавирусот откако бил отпуштен од Заводот и бил префрлен на Инфективна клиника во Тетово.

Познато е и дека не патувал во странство.

Моментално се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје.

Бидејќи е неподвижен, логично се отвара прашањето како се заразил. Дилема е и дали имал или немал посети додека бил во Заводот.

Филипче рече дека според негови информации, пациентот имал посета, но ако не така ќе биде интерсно да испита случајот.

 „Доколку се покаже дека човекот немал посета од надвор, тоа би можело да биде првото автохтоно жариште. Но, според моите информации, тој сепак примил посета додека бил во болницата“, рече Филипче.

По овој прв случај во Тетово, тестирани се 14 лица, медицински персонал во Заводот и четворица пациенти, а Заводот моментално не се затвара.

Десетина члена на семејството исто така се тестирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од Тетово на 69 годишна возраст, прв случај на заболен со коронавирусот во Тетово

„Аџибадем Систина“ набави 15.000 тестови за корона вирусот, капацитетот е до 300 тестови дневно по цена од 1.200 денари

Од следната недела ќе има пошироко мобилно тестирање на граѓани како превенција од корона вирусот

Фото: Општина Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Веганка и активистка за правата на животните: Која е Радмила Пешева, новата директорка на ЈП „Лајка“

Редакција

ЗНМ, ССНМ и СЕММ: За јавни наративи што стимулираат омраза и агресија, мора да има одговорност

Редакција

(Фото) Паричката во фамилијата на Мицкоски кај татко му Иван

Редакција