Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, почина еден пациент на 79 години, од Дебар, со што вкупната бројка на починати се зголеми на седум лица.
Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.
Денеска се регистрирано нови 26 случаи, со што вкупната бројка се зголеми на 285. Дел од овие пациенти работеле во Скопје, а живееле во друг град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Испишани девет пациенти од Клиниката за инфективни болести
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.