Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот.
По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 663 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
-Скопје – 273
-Куманово – 143
-Дебар – 49
-Штип-20
-Прилеп –46
-Тетово – 30
-Струга – 30
-Велес – 18
-Битола –8
-Охрид –3
-Кавадарци – 3
-Гостивар –4
-Гевглелија – 4
-Струмица – 2
-Крива Паланка-3
-Радовиш – 4
-Крушево – 3
-Кочани – 19
-Пробиштип – 1.
“Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку Институтот за јавно здравје (ИЈЗ)-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96.
Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.
Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне информираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Број на починати и заболени со коронавирусот во Македонија по градови
72 здравствени работници во Македонија позитивни на коронавирусот
Двајца странски државјани досега починаа од коронавирусот во Македонија
Фото: Општина Куманово