Во Македонија заклучно податоците објавени вчера се регистрирани 54 нови случаи на заразени со коронавирусот.
“Тестирани се вкупно 710 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 54 или 7,6% од тестираните.
Потврдените случаи се од 8 градови, а најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово, Скопје и Прилеп. За прв пат е регистриран случај кај лице од Кичево.
Најголем дел од регистрираните случаи, по 14, се на возраст од 30 – 39 и 50 – 59 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 22 женски и 32 машки лица.
Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 13 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Вкупно 23 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирани се 4 лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Во Македонија излекувани 86 лица заразени со коронавирусот
Македонија влезе во фаза „многу висок ризик“: Какви се проценките за ширење на коронавирусот
Двајца функционери во Македонија досега позитивни на коронавирусот
Мапа: ИЈЗ