еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Дебар расте бројот на оздравени, новозарзени нема веќе 12 дена

И во изминатото дванаесетто по ред деноноќие, во Дебар нема новодијагностицирани со Ковид-29, со што бројката останува на 49.

Во исто време расте бројот на оздравени лица кои беа на домашно лекување. Во последните два дена тој број изнесува 15, со што вкупната бројка на оние кои ја добиле битката со опасниот вирус се зголеми на 31 лице.

Сепак, како што порача градоначалникот Хекуран Дука на денешната прес-конференција, битката со невидливиот непријател не е добиена, па треба строго и понатаму да се почитуваат сите мерки и препораки.

– Иако Дебар и Центар Жупа ја поминаа кризната состојба, населението не треба да се однесува со триумфализам, бидејќи продолжува проблемот со кризата со опасниот вирус. Граѓаните треба да бидат и понатаму дисциплинирани и да ги почитува владините мерки, рече Дука, кој раководи и со
општинскиот Оперативен штаб.

Безбедносната состојба на подрачјето на двете општини, кои се под надлежност на Одделението за внтарешни работи Дебар, продолжува да биде стабилна.

– Не е регистрирано непочитување на одлуката за забрана за движење, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби и сообраќајни незгоди. Граѓаните се должни, да ги пријават случаите кога има злоупотреби од страна на несовесни лица, затоа што во оваа ситуација е неопходна максимална
соработка на граѓаните со локалната власт и полицијата, изјави Дука.

Информираше дека и понатаму од разни донатори пристигнува хуманитарна помош за најранливата категорија граѓани, која се распределува без никакви проблеми.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Велес во вторник по Велигденските празници, припадници на АРМ ќе ги контролираат влезовите на банките поштата, маркетите и Градскиот пазар

Убава вест: Од коронавирусот во Македонија излекувани уште 12 пациенти

(Фото-сторија) Охрид во време на корона вирусот: Примерни редици, но и очигледна незагриженост кај дел од граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Иднината не смее да зависи од лица кои не може да погодат ниту знаме на една земја

Редакција

Во МВР било пријавено фотографирање на гласачи на неколку избирачки места

Редакција

Шекеринска: Бугарија направи геостратешка грешка

Редакција