еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пушачите имаат поголем ризик од инфекција со корона вирусот

При пушење цигара прстите се во контакт со усните, што ја зголемува можноста за пренесување на вируси од рака на уста. Ова ги прави пушачите поранливи на Ковид -19 и затоа треба да бидат особено внимателни, информира министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

„Пушачите исто така може да имаат веќе заболувања на белите дробови или намален капацитет на белите дробови што во голема мерка може да го зголеми ризикот од сериозни заболувања.

Состојби што ги зголемуваат потребите за кислород или ја намалуваат способноста на телото правилно да го користи, ги става пациентите со поголем ризик од сериозни белодробни заболувања како што е пневмонијата,“ напиша Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тевдовски и Елези: Одлично функционираме како тим

Редакција

До крајот на неделава потопло со температури и до 20 степени

Редакција

Денеска Парада на гордоста во Скопје

Редакција