Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кои еМагазин секојдневно ги пренесува, во Македонија се излекувани 224 лица заболени од коронавирусот, а меѓу нив и 23 здравствени работници.
“Според исходот од заболувањето, кај 952 лица (77,3%) се активни случаи, 224 случаи (18,2%) се водат ако оздравени (23 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување“, стои во анализата на ИЈЗ, заклучно податоци до 20.април.
Познато е дека позитивни на коронавирусот се/беа здравствени работници од болници во Велес, Кочани, Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Графикон) До 19 години се 101 лица од заболените со коронавирусот во Македонија
210 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот
Новопочинатиот пациент од коронавирусот од Лабуништа имал претходни заболувања
Кај 3 лица од новозаболените со коронавирусот констатирана хронична и здравствени состојби
Фото: Кабинет на претседателот