еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убава вест: Излекувани 29 пациенти од корона вирусот

Во изминатите 24 часа регистрирани се 29 излекувани пациенти од кои четворица пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови од кои во Скопје – 21, Битола – 3 и Струмица – 1, соопшти Министерството за здравство.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти од кои 23 на кислородна поддршка и пет на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се седум пациенти и седум се приклучени на респираторна машина.

Во Клиничката болница во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување.

Во моментов во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани тројца пациенти, а 13 се следат на домашно лекување“, стои во соопштението од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потврдени 41 нови случаи на заболени со корона вирусот, вкупниот број 1.300

Стоматолошка комора: Пломбирање заб не е итнo во време на корона вирусот

Лекарска комора го осуди однесувањето на докторите од охридската болница кои не и пружија помош на стружанката со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар нема новозаразени со Ковид-19, ама има рестрикција на водата за пиење

Редакција

Влада: Уставниот суд спречува обезбедување околу 240 милиони денари во буџетот за справување со корона вирусот

Редакција

Мигрантката која беше убиена во Гевгелија имала 23 години, сопругот тврди дека била бремена

Редакција