еМагазин
Image default
Бизнис

Апел: Граѓаните да се воздржат од резервации на авиобилети, не се знае кога аеродромите ќе се отворат

Министерство за транспорт и врски потсетува дека на сила се уште важи Одлуката за затворање на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. „Апостол Павле“ во Охрид и оттука апелираат, граѓаните да не резервираат авионски карти.

„Тоа значи дека се додека не се донесе друга Одлука, аеродрoмите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници.

Имајќи ја предвид настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.

Се до донесување на нова Одлука од страна на Владата, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци,“ се вели во соопштението на Министерство за транспорт и врски.

Оваа реакција на ресорното министерство следува откако во дел од медиумите беше објавено за воспоставување на авионските линии преку авио-превозниците кон средината на мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Становите во Аеродром се продаваат како алва, најмногу се купуваат куќи во Велес

Редакција

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи

Редакција

Екс министерот Тевдовски влезе во Надзорниот одбор на УНИ Банка

Редакција