еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Микробиологот Пановски смета дека пикот на заразата со корона вирусот е поминат

Пикот на Ковид-19 е поминат и бил пред десетина дена кога имаше 107 новодијагностицирани, смета микробиологот, професор д-р Никола Пановски.

„Не очекувам да има поголем број на инфицирани, односно докажани позитивни и не значи дека 1.600 би бил пик ако сега имаме по 20 или 30 дневно, а може и помалку. Мислам дека почнува кривата да се спушта, дека е пројден тој пик, речиси сум сигурен. Нормално дека министерот е порезервиран, бидејќи тој кажува поодговорно и може да го нападнат дека згрешил.

Мислам дека и министерот Венко Филипче и епидемиолозите се 95 проценти свесни дека пикот прошол, односно дека нема да има нагорна линија на заболени, туку дека ќе има ист број и со време и помалку докажани болни.

Уште 15 дена бројот на починати веројатно ќе остане ист, а може и ќе расте,“ вели Пановски одговарајќи на прашање кога би можел да го очекуваме пикот во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој вели дека било евидентно оти Кризниот штаб и Комисијата за заразни болести го предвидувале полошото сценарио и мерките што ги преземале биле во случај да биде посериозна состојбата.

„Пикот веројатно беше кога беа тие 107 пред десет дена, ако веќе мора да има пик. Така да покрај овие бројки, јавноста треба да знае дека има бројки и процент на позитивни тестови. Едно време одеше преку 10 проценти, а сега со денови веќе, без разлика дали имало 40, 20, 13, итн. е под седум проценти. Од тие што се испитувани процентот е се понизок што охрабрува,“ смета Пановски.

Додаде дека засега мерките што ги предвиделе надлежните даваат резултати, и оти многу добро се справуваат со заразата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првичната проценка за пик од 2.500 заразени со корона вирусот, се намали на 1.700

Вкупно 1.399 заболени: Само 13 случаи на новозаболени со корона вирусот

Убава вест: Оздравени 53 пациенти, вкупната бројка изнесува 553

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелациониот суд и ја намали казната на Гордана Јанкуловска за набавката на луксузниот мерцедес

Редакција

Дескоска за информациите дека ќе си оди од правда: Не сум јас Никола Тодоров да ги шетам сите ресори

Редакција

Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на Силјановска

Редакција