Бугарија се држи до формулацијата од Договорот за пријателство и добрососедство меѓу двете земји, во однос на признавањето на македонскиот јазик, каде стои: „официјален јазик на Република Северна Македонија, согласно нејзиниот Устав“, изјави во интервју за ТВ „Сител“, бугарскиот премиер Бојко Борисов.
„Ние сме државата која прва почна со Договорот за добрососедство што овозможи воопшто и да се зборува за присоединување кон ЕУ на нашите мили браќа и сестри. И второ, направивме апсолутно се за да ги помогнеме, нешто од кое тргна процесот со Грција,“ рече Борисов.
На прашањето дали ќе ја блокира земјава пред првата меѓувладина конференција пред почетокот на преговорите, Борисов одговори дека комисиите за историски и образовни прашања треба да се состанат и максимално брзо да најдат заемноприфатливи формулации за личностите и настаните кои ги поврзуваат двете земји, при што го даде примерот со Цар Самуил.
„Поддршката за Северна Македонија била отсекогаш и таа е искажана многу пати. Тоа што треба да го направиме сега е историските комисии и оние кои се занимаваат со историјата да си ги завршат спорните теми. Фактот дека, мислам на 6 или 7 мај на Советот ќе има, на ист начин, интернет самит, на кој ќе учествуваат и лидерите на Западен Балкан. Ние и на последниот Совет зборувавме за максимална поддршка на Северна Македонија и Албанија, така што се е во рацете на Македонците,“ додаде тој.
МИА/Фото: Влада