еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО не може да ја потврди ефикасноста на новиот лек „ремдесивир“ во борбата против корона вирусот

Шефот на програмата за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), доктор Мајк Рајан, денеска одби да ги коментира извештаите за новиот лек „ремдесивир“ кој наводно може да им помогне на болните од Ковид -19.

– Не би го коментирал ова прашање, бидејќи не ја разгледав детално документацијата на производителот, рече доктор Рајан и додаде дека во некои случаи може да бидат потребни дополнителни студии со цел со сигурност да се констатира дека некој лек е ефикасен.

– Но, се надеваме дека ќе се докаже дека и овој, но и други лекови, можат ефикасно да им помогнат на болните од Ковид-19, додаде Рајан на видео прес-конференција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрагата за потеклото на Ковид-19 на експертите на СЗО во Вухан се одвива „многу добро“, оценува вклучен во тимот

Редакција

НБРМ: Растот на економијата помал од очекуваното

Редакција

Два фамилијарни кластери го зголемија бројот на заразени со корона вирусот во Скопје

Редакција