еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Жирито разделено со плексиглас: Забавната индустрија во Грција почна со работа

Пред да стартува олеснувањето на мерките, кое е предвидено за 4. мај, во Грција со работа почна забавната индустрија, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

На телевизијата Open се врати музичкото талент шоу „Just the 2 of Us“, направено по франшиза на истоименото британско шоу, присутно на овој пазар од 2010 година.

Сите учесници, како што пренесуваат грчките медиуми, претходно биле тестирани за коронавирусот.

Новата епизода е снимена без публика, а во неа учествуваа бројни познати личности во Грција од музичката до спортската сфера.

Жирито пак е разделено со плексиглас.

Дел од него е и најпозната грчка пејачка, позната и на македонската јавност, Деспина Ванди.

На грчките телевизии, за разлика од кај нас се присутни бројни талент и риалити шоуа.

Забавната индустрија е огромна и ангажира работници од различни сфери.

Во Грција веќе има најави и за продолжување на снимањето на телевизиските серии, кое беше прекинато поради пандемијата со коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Грција во мај ги „отвара“ продавниците, трговските центри, фризерските салони…

За летување во Грција можно да ни е потребен „здравствен пасош“

(Фото) Ќе изгледаат ли вака плажите во Грција во време на пандемија со коронавирусот

Фото: Open

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бахамите и Бермудите ги „напумпаа“ странските инвестиции во Македонија

Редакција

Македонски државјани уапсен во Хрватска за шверц на 25 мигранти

Редакција

(ВИДЕО) Андреа Коевска со песната „Circles” ќе ја преставува Македонија на Евровизија во Италија

Редакција