Во Македонија според последните податоци, објавени вчера, има вкупно регистрирани 1.526 случаи на заболени од коронавирусот.
“Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,6%), кашлица (53,6%), малаксаност (35,7%), треска (19,1%), главоболка (16,1%), болка во грло (15,1%) и отежнато дишење (15,1%).
Кај 515 или 33,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од нив, 373 или 72,4% имале контакт со веќе потврден случај во државата“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Докторка од Куманово излекувана од коронавирусот по 44 дена
81,2% од оздравените од коронавирусот во Македонија се лекувале дома
7 лица се хоспитализирани, повеќето се мажи, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија